Нетанјаху поканет да говори во Конгресот на САД

Белата куќа соопшти дека поканата до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да зборува во Конгресот што му ја упати претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Џон Бенер, била надвор од протоколот. Претходно Бенер соопшти дека го поканил Нетанјаху да зборува за заканите од Иран. Џош Ирнест, претставник за печатот на претседателот Барак Обама, изјави дека протоколот налага лидер на некоја земја најпрвин да контактира со Белата куќа пред да планира да ги посети Соединетите држави. Поканата до Нетанјаху во февруари да му се обрати на Конгресот следуваше неколку часа откако Обама во обраќањето до нацијата изјави дека ќе стави вето на предлог законот за нови санкции против Иран.