Десетици илјади луѓе се очекуваат на протести и контра-протести во Лајпциг

Илустрација.

Десетици илјади луѓе се очекува да излезат на денешните протести и контра-протести, за поддршка и против исламските бегалци во градот Лајпциг во источна Германија. Организаторите велат дека очекуваат повеќе луѓе на контра-протестите против анти-исламското движење ПЕГИДА(Патриотски Европјани против исламизацијата на западот), на чиј протест се очекува да излезат десетици илјади луѓе. Властите велат дека на контра-демонстрациите може да излезат 100 илјади луѓе.

ПЕГИДА го откажа планираниот протест за 19 јануари во Дрезден, каде што одржа 12 маршови од октомври досега.

Полицијата во Дрезден ги забрани јавните собири, откако доби смртни закани за ко-основачот на ПЕГИДА Луц Бахман. Тој денеска излезе на насловните страни на германските медиуми, откако негова фотографија со мустаќи и фризура како Адолф Хитлер, преземена од неговиот Фејсбук профил, излезе во јавноста. Друг лидер на движењето рече дека фотографијата била само шега.