Обама и Оланд за истрагата за нападите во Париз

Американскиот претседател Барак Обама разговарал со францускиот претседател Франсоа Оланд за напредокот во истрагата за терористичките напади во Париз. Според Белата куќа, Обама ја повторил својата решеност да обезбеди секаква помош во врска со ова прашање. Франција и натаму е во состојба на тревога откако вооружени луѓе во почетокот на месецов извршиле напади врз весникот „Шарли ебдо“ и една еврејска продавница при што беа убиени 17 лица.