Во Берлин состанок за кризата во источна Украина

Министрите за надворешни работи на Германија, Франција, Русија и Украина денеска во Берлин ќе разговараат за кризата во источна Украина каде што интензивираат борбите меѓу украинските сили и проруските бунтовници. До состанокот доаѓа откако украинската војска соопшти дека била нападната од руски војници на два контролни пункта, северозападно од градот Луганск. Според Киев, два баталјона со по 400 војници преминале од Русија во Украина, што од руското министерство за одбрана беше оценето како бесмислено тврдење.