Ирански генерал му се заканува на Израел

Иранската револуционерна гарда.

Командант на Иранската револуционерна гарда денеска предупреди дека Израел треба да очекува „разурнувачки грмотевици“ како одговор на воздушниот напад од 18 јануари во Сирија, во кој беше убиен генерал на иранската гарда и неколкумина членови на либанската милиција Хезболах. Генерал-мајор Мохамад Али Џафари, во соопштението објавено на ирански портал, вели дека убиството на ирански и на сили на Хезболах во израелскиот напад, создало „уште една појдовна точка“ за пад на „ционистичкиот режим“.

Иран соопшти дека убиениот бригаден генерал Мохамад Али Алахдади им давал „клучни совети“ на Сиријците кои се борат против терористите, како што сириските власти ги нарекуваат сунитските бунтовници и исламистичките екстремисти.

Иран ги поддржува сириските власти и Хезболах.