Русија - Санкциите го покажуваат „непријателскиот курс“ на ЕУ

Москва.

Москва соопшти дека одлуката на ЕУ да ги задржи санкциите против Русија покажува дека Унијата не е подготвена да го промени „непријателскиот курс“ кон нив. Руското Министерство за надворешни работи реагираше денеска, откако ЕУ вчера соопшти дека санкциите против Москва може да се олеснат, само ако Русија ги спроведе мерките според договорот за прекин на огнот од Минск. Владините сили во источна Украина се борат против проруските сепаратисти, кои според НАТО и Киев, имаат директна воена поддршка од Русија. Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, вчера рече дека ситуацијата во источна Украина е „многу полоша отколку минатата недела“.