Петмина Чеченци уапсени во Франција поради планирање напад

Стадионот во Безие.

Петмина руски државјани од Чеченија вчера биле приведени во градот Безие во јужна Франција под сомнение дека подготвувале напад, соопштија тамошните обвинители. Француските медиуми објавија дека петтемина се осомничени дека го сокриле експлозивот откриен во близина на стадионот во Безие.