Кежаровски пуштен од затвор поради здравствени причини

Новинарот Томислав Кежаровски е пуштен од затворот „Скопје“, поради лошата здравствена состојба.

Ова ни го потврди неговата сопруга Марина Кежаровска. Како што изјави за РСЕ, на Кежаровски му било речено да се јави во затвор на 18 февруари.

Прекин на издржувањето на казната побарал директорот на затворот „Скопје“, а одлуката ја донел директорот на Управата за извршување на санкции.

Откако Апелациониот суд му ја намали казната од 4,5 на 2 години затвор, Кежаровски во петокот доцна вечерта беше однесен во затворот во Шутка. Според пресудата, му преостануваат уште три месеци од казната.