ММФ ги намали предвидувањата за економски раст

Меѓународниот монетарен фонд ги ревидира своите прогнози за економски раст годинава и побара од владите и централните банки да им се вратат на политиките на реформи за да го поддржат развојот. Во најновиот извештај за Светските економски перспективи објавен денеска. ММФ проектира глобален раст од 3,5 проценти за оваа и 3,7 проценти за идната година, што е за 0,3 насто помалку од претходните предвидувања на Фондот. Во меѓувреме Светската организација за труд соопшти дека поради намалениот економски развој ќе продолжи зголемувањето на невработеноста во светот. Сега во светот имало над 200 милиони невработени и оти таа бројка до 2019 ќе изнесува 211 милиони.