Ограничен прогрес на преговорите за нуклеарна програма на Иран

Дипломати соопштија дека вчерашните нуклеарни преговори меѓу Иран и шесте светски сили во Женева завршиле со ограничен напредок. Според оценките на иранската делегација, разговорите биле корисни, но оти се уште било прерано за да се говори за некаков прогрес. Во меѓувреме, американскиот претседател Барак Обама побара од Конгресот да не воведува нови санкции против Иран и оти ќе стави вето на таков закон се додека траат преговорите во Женева.