Во Израел уапсени членови на ИД

Израелската безбедносна служба Шин Бет објави дека уапсила седуммина припадници на арапското малцинство кои биле дел од ќелијата на исламската милитантна група Исламска држава. Во соопштението се наведува дека тие илегално се собирале и преку интернет контактирале со милитантите на Исламската држава во Сирија.