Православните верници го слават Богојавление – Водици

Во Македонија денеска православните верници го слават Богојавление, празник поврзан, според верувањата, со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан. Околу 120 граѓани годинава ќе се обидат да го фатат светиот крст што денеска напладне во реката Вардар во Скопје ќе го фрли архиепископот Охридски и македонски г. г. Стефан. Освен во Скопје, крстови ќе бидат фрлени и во водите во другите градови во земјата.