СОНК ќе го одржи најавениот штрајк

Синдикатот на вработените во образованието, науката и културата во вторник ќе го одржи најавениот генерален штрајк, соопшти на денешната прес-конференција претседателот на СОНК Јаким Неделков.

“СОНК на 20 јануари ќе влезе во генерален штрајк, бидејќи три месеци од октомври до декември преговаравме. Тоа беа јалови преговори каде ништо не ни беше понудено од ресорните министерства. СОНК нема друг избор и мора да си ги бара своите права според донесената одлука” рече Неделков.

Тој ги оцени како девалвирање на работата на раководството на СОНК - Советот на Синдикатот кој брои 44 членови и претседателот на Синдикатот дека одлуката за штрајк била резултат на личните интереси на раководството и најави дека ќе бара одговорност за тоа од тие што клеветеле. Штрајкот ќе се одвива така што вработените ќе одат на работа, но нема да ги извршуваат своите работни задачи. Претходно градоначалникот на Скопје Коце Трајановски рече дека во градинките и основните училишта нема пријава за штрајк и ги повика родителите да ги носат децата во училиште и градинка. Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски преку соопштение им порача на директорите, наставниците и воспитувачите од институциите под надлежност на општината сами да одлучат дали ќе го подржат штрајкот на СОНК . Во меѓувреме повеќе членови на СОНК од различни градови се изјаснија дека се против најавениот штрајк.