Во Нигер запалени цркви поради карикатурите на Мухамед

Муслиманските свештеници во Нигер побараа смирување на тензиите откако вчера протестантите бесни поради карикатурите на пророкот Мухамед објавени во францускиот магазин Чарли Ебдо запалија најмалку седум цркви во главниот град Ниамеј. Барови, хотели и различни бизниси чии сопственици не се муслимани исто така беа цел на нападите кои започнаа на 16 јануари и во кои загинаа осум луѓе. Полицијата соопшти дека пет луѓе загинале вчера меѓу кои и двајца кои биле во црква и една жена која била во кафе бар. Полицијата употреби и солзавец за да ја растера толпата од околу илјада млади луѓе кои беа собрани пред големата џамија во главниот град.