Состанок на коалицијата против ИД во Лондон

Британскиот секретар за надворешни работи Филип Хамонд и американскиот државен секретар Џон Кери ќе бидат домаќини на состанокот во Лондон на земјите членки на коалицијата против Исламска држава што ќе се одржи на 22 јануари. Како што е соопштено на состанокот ќе учествуваат министрите за надворешни работи од околу 20 земји меѓу кои и од арабските држави. Хамонд за весникот Дејли Телеграф рече дека состанокот ќе биде важна можност да се преземе акција и да се оцени напредокот кој е направен во заедничките напори за справување со отровната идеологија на ИД. Соопштението за состанокот следува откако американскиот претседател Барак Обама и британскиот премиер Дејвид Камерон се сретнаа претходно неделава во Вашингтон.