Двајца потешко и 10 полесно повредени во сообраќајката кај Штип

Дванаесет лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи синоќа кај бензинската пумпа на Макпетрол во близина на штипската приградска населба Три чешми, при судар на мини бус на Струмица експрес и автомобил Опел астра. Директорот на Клиничката болница-Штип, Александар Стојановски вели дека 10 лица се со полесни, а две со тешки телесни повреди, од кои еден веќе е хоспитализиран во Клиничкиот центар во Скопје. Штипските пожарникари биле вклучени во извлекувањето на патниците од мини бусот, кој што излетал од коловозот и се наоѓа во една бара. Според информациите од полицијата, до несреќата дошло откако автомобилот Опел астра излегувајќи од бензинската пумпа на Макпетрол удрил во мини бусот на Струмица експрес кој се движел во правец кон Велес.