Во Ерменија судири пред рускиот конзулат

Ерменската полиција се судри со демонстрантите во градот Ѓумри кои барале од ерменските власти да им биде предаден рускиот војник кој е осомничен за убиство на едно шестчлено семејство. Околу две илјади луѓе кои протестираа во вториот град по големина во Ерменија се обиделе да го пробијат полицискиот кордон и да влезат во рускиот конзулат. Локалните медиуми јавуваат дека притоа имало и повредени. Ерменските власти се сомневаат дека војникот Валериј Пермијаков кој служел во руска воена база во Ерменија во понеделникот со огнено оружје убил шест членови на едно семејство. Руската војска соопшти дека тој бил уапсен при обидот да избега во Турција.