Времето денеска: сончево и малку облачно

Во Македонија ќе биде сончево со мала облачност, а претпладне по котлините ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус еден, а дневната од два до 12 степени. Во Скопје претпладне времето ќе биде умерено облачно со слаба магла, а попладне сончево. Утринската температура ќе се спушти до минус шест, а дневната ќе достигне до четири степени.