Лукашенко најави подобрување на односите со западот

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко најави дека ќе ги подобри сериозно затегнатите односи со западот и ја предупреди Русија да не се противи на тоа. Зборувајќи денеска пред парламентот, Лукашенко рече дека неговата земја „доследно и намерно ќе гради врски со ЕУ и со САД“.

„Ние не сме огорчени од фактот што Русија сега презема колосални напори за нормализирање на односите со Западот, па ни тие не треба да се навредени од ова“, рече тој.

Во исто време, тој вети дека западните земји никогаш нема „да ја заменат“ Русија за Белорусија, велејќи дека Минск „никогаш не бил предавник“.

Лукашенко рече дека сите страни треба да се смират и правилно да работат, сугерирајќи дека длабокиот јаз меѓу Москва и западот не им прави добро на регионалните трговски и безбедносни партнери на Русија.