Кери во посета на Бугарија

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери за време на денешната посета на Бугарија се очекува да изврши притисок врз таа земја да ја намали нејзината голема енергетска зависност од Русија. Кери кој вчера пристигна во Софија е планирано со неговите бугарски домаќини да ги разгледа идеите за алтернативно енергетско снабдување. Меѓу тие идеи се и можната изградба на гасовод од Грција и обнова на договорот со компанијата Вестингхаус електрик за изградба на реакторво нуклеарката Козлодуј. Околу 85 насто од потребите за гас и сто насто од потребите за нуклеарна енергија Бугарија ги задоволува преку Русија. Руското откажување од гасоводот Јужен тек ја потенцира потребата од диверзификација на бугарското снабдување со енергија.