Двајца алпинисти ја искачија најтешката карпа во светот

Двајца американци успеаа да ја освојат една од најтешките карпи за искачување во светот без никакви помошни средства за тоа. Станува збор за карпата Ел Капидан во националниот парк Јосемити која е висока 900 метри. Томи Калдвел и Кевин Јогресон станаа првите алпинисти на кои им успеа да се искачат на карпата за која досега се сметаше дека не може да биде освоена. Тоа го постигнаа по 19 дневни обиди проследени со постојани паѓања и повреди.