Времето денеска: умерено облачно

Во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб северен ветер кој само долж Повардарието и на повисоките места ќе биде со умерен до засилен интензитет. Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус два, а дневната од три до 11 степени. Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус осум, а дневната ќе се искачи до шест степени.