Од 3 илјади до 5 илјади европејци заминале во џихад

I

Меѓу 3 илјади и 5 илјади европејци заминале во џихад во земји како Сирија и би можело да претставуваат закана по нивното враќање во Европа. Ова го оцени директорот на Европол Роб Вејнарт, одговарајќи на прашања на Комисијата за внатрешни работи на британскиот парламент. „Јасно, станува збор за голем број главно млади луѓе кои имаат намера и капацитет да изведат напади како оној во Париз во минатата недела“, изјави Вејнарт.