Обама: сајбер заканите огромен проблем за САД

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека неодамнешните сајбер закани за Сони и американската Централна команда само го свртиле вниманието на сериозноста на овој проблем. Обама, излагајќи го предлог законот за сајбер безбедноста изјави дека овој вид криминал нанесува поголема штета од традиционалниот. Според предлогот, ќе биде зголемена размената на информации меѓу компаниите и владата кога станува збор за сајбер закани.