Времето денеска: сончево и умерено облачно

Во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, претежно југозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус осум до минус еден, а дневната од шест до 13 степени. Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Утринската температурата ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до седум степени.