Командантот на пакистанските талибанци прогласен за глобален терорист

Командантот на пакистанските талибанци Маулана Фазула.

Американскиот Стејт департмент го прогласи командантот на пакистанските талибанци Маулана Фазула за глобален терорист. Со тоа неговиот имот во САД се замрзнува и станува кривично дело ако американски државјанин има какви било трансанкции со него. Фазула ја презеде одговорноста за нападот врз армиско училиште во Пешавар минатиот месец во кој беа убиени повеќе од 150 луѓе, најголемиот дел деца. Тој во 2012 година го нареди обидот за убиство на пакистанската ученичка и активистка за образование Малала Јусуфзаи. Таа преживеа, иако беше застрелана во глава и во 2014 година ја доби Нобеловата награда за мир. Прогласувањето на Фазула за глобален терорист доаѓа кратко по посетата на американскиот државен секретар Џон Кери на Пакистан.