Професорскиот пленум не е за средба со Граѓанската иницијатива

Професорскиот пленум не е против реформи во образованието, но тие мора да бидат спроведени врз база на соодветна анализа на состојбата во досегашниот образовен систем, се наведува во соопштението на Пленумот по средбата со претседателот Ѓорге Иванов. Во соопштението се оценува дека средба на Професорскиот пленум со Граѓанската иницијатива за поддршка на знаењето во високото образование, како што предложил претседателот Иванов, на истиот ден кога е закажана седница на Собранието на Македонија на која се очекува изгласување на предложениот пакет закони, е беспредметна.