Роналдо, најдобар фудбалер во 2014

Фудбалерот на Реал Мадрид Кристијано Роналдо синоќа во Цирих ја освои Златната топка, што Светската фудбалска федерација ФИФА му ја доделува на најдобриот фудбалер на светот. Тоа е трета Златна топка за португалскиот репрезентативец кој исто така ја освои лани и во 2008 година. На второ место е Аргентинецот Лионел Меси, а на трето голманот на Баерн Мануел Нојер.