Правењето Снешко Белчо било анти-исламско

Илустрација

Познат саудиски свештеник издаде верска забрана за правење Снешко Белчо, опишувајќи го како „анти-исламско“. Шеикот Мохамед Салех ал-Мунаџид, преку верски интернет сајт беше запрашан дали родителите може да прават снешковци за нивните деца. Тој одговори дека снешкото е претстава на човек, што се смета за грев според строгата саудиска интерпретација на сунитскиот ислам.

„Не е дозволено да се прават статуи од снег, дури и преку игра и забава. Бог им дал простор на луѓето да прават што сакаат, а што нема душа, како што се дрвја, бродови, овошје, згради итн.“, стои во одговорот на свештеникот.