Убиени шестмина осомничени терористи во Кина

Кинеска параполиција патролира во провинцијата Синџијанг.

Кина соопшти дека полицијата убила шестмина осомничени дека планираат бомбашки напад во западниот регион Синџијанг. Локалните медиуми јавуваат дека еден човек бил убиен денеска, откако ги нападнал полицајците со секира и се обидел да активира експлозив во градот Шуле. Петмина други биле убиени во „операција за чистење“. Не се соопштува идентитетот на убиените.

Повеќе од 400 луѓе се убиени во изминатите две години во насилствата за кои владата ги обвинува локалните ујгурски милитанти. Ујгурите долго време се жалат поради нивниот третман од кинеските власти. Владејачката Комунистичка партија строго го ограничува пристапот до кризниот регион и тешко е информациите да се потврдат од независен извор.