Ринкевицс - Ќе треба време за решение за Украина

Летонскиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевицс.

Летонскиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевицс, кој е во посета на Москва, изјави дека „сериозните несогласувања“ за конфликтот во Украина значат дека може да треба долго време да се најде решение. Ринкевицс, чија земја моментно е претседавач со ЕУ, ова го изјави денеска на заедничката прес-конференција со неговиот руски колега Сергеј Лавров.

„Мислам дека процесот на решавање и процесот на преговарање ќе бидат комплицирани“, рече тој.

Ринкевицс на 9 јануари разговараше со украинските власти во Киев.

Лавров попладнево треба да се сретне со неговите колеги од Украина, Франција и Германија во Берлин.