Седум години од несреќата кај Катлановско Блаце

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска ќе биде одбележана седумгодишнината од трагичната хеликоптерска несреќа кај Катлановско Блаце во која загинаа 11 припадници на Армијата на Република Македонија кои се враќаа од мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина. По тој повод ќе бидат положени венци цвеќе на спомен обележјата во касарната и на местото на несреќата кај Катлановско Блаце. Македонските мировници кои се враќаа дома по шестмесечната мисија во АЛТЕА, на 12 јануари 2008 година полетаа со хеликоптерот „МИ 17“ од базата Бутмир кај Сараево. Требаше да слетаат на воениот дел од скопскиот аеродром, а последниот контакт со контролната кула леталото го направило на шест милји од целта.