Во Пакистан отворено училиштето по талибанскиот масакр

Пакистанското училиште во кој се случи талибанскиот масакр во минатиот месец денеска повторно е отворено. Учениците се вратија во Военото училиште во Пешавар по продолжениот распуст кој следуваше откако талибански бунтовници на 16 декември убија 150 луѓе, меѓу кои 134 деца. Тоа беше еден од најголемите напади на исламските милитанти во изминативе неколку години.