На Ирак ќе му требаат три години да ја обнови војската

Ирачкиот премиер Хајдар ал Абади

Ирачкиот премиер Хајдар ал Абади изјави дека на земјата ќе и требаат три години за да ја обнови војската. Според него, оваа задача ќе биде многу потешка од сегашните борби со милитантите на Исламската држава. Абади упати критики за бавноста на меѓународните сили во помошта на ирачката армија при справувањето со исламските милитанти.