Вечерва се очекуваат нови врнежи од снег

Времето во Македонија ќе биде сончево, релативно топло и со умерена облачност, а кон крајот на денот е можен локален дожд кој преку ноќта ќе преминува во снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус 2 до 3, а дневната од 9 до 15 степени. Во Скопје слично време, со дневна температура до 10 степени.

Утре на повеќето места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег проследени со засилен северен ветер и нагло опаѓање на температурата. Ќе се формира и нова снежна покривка, особено во западните планински предели со висина од околу 20 сантиметри. Преку денот, односно во вечерните часови ветерот ќе се засилува и наместа ќе достигнува до околу 60 километри на час. Во наредните денови се очекува претежно стабилно и суво време со пораст на температурата