Хамас го осуди смртоносниот напад врз Шарли Ебдо

Исламистичката милитантна група Хамас го осуди смртоносниот напад врз францускиот сатиричен магазин, Шарли Ебдо, велејќи дека „разликите во размислувањата не може да оправдаат убиство.“ Во денешното соопштение Хамас исто така ги отфрли комантарите на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, во кои тој ги спореди нападите во Париз со ракетните напади на Хамас од појасот Газа врз цивили во Израел. Тој соопшти дека нема поврзаност помеѓу „отпорот на нашиот народ од една страна и глобалниот тероризам од друга“. Во меѓувреме палестинскиот министер за надворешни работи, Ријад ал Малики, рече дека претседателот Махмуд Абас го повикал претседателот на Франција, Оланд да му изрази сочувство. Малики исто така рече дека делегацијата на палестинско – муслиманските и христијанските свештеници во следните неколку дена ќе остварат солидарна посета на Франција.