„Фич“ го намали кредитниот рејтинг на Русија

Меѓународната агенција за крединтен рејтинг „Фич“, го намали кредитниот рејтинг на Русија на најнизок инвестициски степен по драстичното паѓање на цената на нафтата и конфликтот околу Украина, предизвикувајќи најлоша валутна криза од 1998 година. „Фич“ денеска објави дека го намалува рејтингот за рускиот државен долг на БББ-. Агенцијата додаде негативен изглед на рејтингот, велејќи „Економските изгледи значително се влошени од средината на 2014 година, со оглед на остриот пад на цената на нафтата и на рубљата, во комбинација со наглиот пораст на каматните стапки. Стандард и Пурс во април го намали кредитниот рејтинг на Русија на БББ-. Најголемиот извозник на енергија во светот е на работ на рецесија откако цените на суровата нафта паднаа за повеќе од 50 проценти од јуни минатата година и откако Западот воведе санкции по руската анексија на Крим во март.