Владата на САД ги предупреди своите граѓани

Илустрација

Американската влада излезе со глобално предупредување при патување на своите граѓани по неодмнешните терористички напади што се случија во Канада, Австралија и Франција. Стејт департментот соопшти дека овие напади, без разлика дали се поврзани со терористички ентитети или со поединци, ги потсетуваат американците на потребата да бидат будни, претпазливи и да ја зголемат нивната безбедносна свест.

Во изјавата, во која е нотиран масакрот на францускиот сатиричен магазин, заложничката криза во Сиднеј и покотниците во канадскиот парламент во октомври, ги повика луѓето да бидат претпазливи и во САД и во странство. Исто така во соопштеието се повикуваат граѓаните да бидат особено внимателни кога се собираат на во поголем број на спортските натпревари и туристичките атракции. Стејт департментот предупредува на зголемена веројатност на одмазнички напади против САД и нејзините партнери во борбата против Исламската држава во Ирак.