Завршени двете заложнички драми во Франција, напаѓачите убиени

Француските медиуми објавија дека во акција на безбедносните сили е убиен напаѓачот кој држеше заложници во кошер-продавница во еврејски кварт во Париз. Претходно беше објавено дека се убиени и браќата Шериф и Саид Куачи, осомничени за завчерашниот напад врз весникот Шарли Ебдо во Париз, во кој беа убиени 12 луѓе. Браќата биле убиени во градот Дамартин ен Гоел, каде што полицијата ги држеше под опсада во една печатница. Двете акции на полицијата се одиграа речиси истовремено. Сè уште нема информации за судбината на заложниците.