Европската комисија ѝ понуди нов кредит на Украина

Илустрација.

Европската комисија ѝ понуди на Украина нови среднорочни кредити од 1,8 милијарди долари, но оти Киев мора да продолжи со реформите според програмата на ММФ и да ги спроведе економските и финансиски политики договорени со ЕУ. Сите 28 земји-членки на Унијата и Европскиот парламент мора да ги одобрат кредитите пред да ѝ бидат дадени на Украина. ЕУ веќе ѝ даде заем од 1,6 милијарди евра на Украина. Во меѓувреме, тим на ММФ денеска ги продолжи разговорите со властите во Киев за нов кредит за Украина. Само 4,6 милијарди долари од пакетот за спас од ММФ во вредност од 17,1 милијарди долари досега ѝ се дадени на Украина.