Јацењук - Русија испраќа војници во Украина по наредба на Путин

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук изјави дека Русија сè уште испраќа воени сили во Украина и покрај договорот за прекин на огнот од 5 септември и чекорите кон воспоставување траен мир. Јацењук побара Москва да ги отстрани „бандитите“ од Украина. Зборувајќи по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин, тој рече дека руски војници се праќаат во Украина по наредба на рускиот претседател Владимир Путин. Меркел, пак, рече дека договорот од 5 септември мора да биде исполнет во целост за укинување на санкциите против Русија. Јацењук рече дека Русија „не исполнила ни една точка“ од договорот.

Москва негира вмешаност во конфликтот во источна Украина и покрај тоа што Киев и НАТО тврдат дека имаат докази за спротивното.