Додик: Република Српска не е случајност

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска, по повод одбележувањето на Денот на Република Српска, 9 јануари, изјави дека овој ентитет со своето постоење покажа дека не е „случајност“ по распадот на поранешна Југославија, туку трајна определба на луѓето што живеат на тој простор. Додик пред новинарите во Бања Лука изјави дека институциите на Република Српска ќе направат сè за брзо изнаоѓање и спроведување опсежни мерки што дополнително ќе го стабилизираат ентитетот, ќе овозможат економски раст и нови вработувања. Според Додик, неопходно е и сите во Република Српска со нова енергија да се соберат околу решавање на проблемите кои постојат.