Палестина станува членка на Меѓународниот кривичен суд

Илустрација.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, денеска соопшти дека „државата Палестина“ официјално ќе стане членка на Меѓународниот кривичен суд на 1 април. Според оваа одлука, Хашкиот суд ќе има јурисдикција да отвори случаи за тешките злосторства извршени на палестинските територии, овозможувајќи им на Палестинците да подигнат обвиненија за воени злосторства против Израел. Палестинскиот претседател Махмуд Абас на 31 декември го потпиша барањето за приклучување во Меѓународниот кривичен суд. Израел одговори со укинување на трансферот на даночните приходи за палестинската власт. Претходниот ден, Советот за безбедност на ОН не успеа да усвои резолуција со која ќе се отвори патот за полноправно членство на Палестина во организацијата.

Генералното собрание на ОН ѝ додели на Палестина статус на „држава набљудувач“ во 2012 година, со што ги отвори вратите за нејзино членство во Меѓународниот кривичен суд и други меѓународни организации.