Нови испитувања врз пациентите со мистериозна „спијачка болест“

Деца од селото Калачи во Казахстан.

Четворица пациенти кои страдаат од мистериозната „спијачка болест“ биле донесени од оддалеченото село Калачи на лекување во главниот град на Казахстан, Астана, за прв пат по обзнанувањето на феноменот во јавноста во март 2013 година. Десетици жители на селото на северот на земјата се жалат на поспаност, губење на меморијата и халуцинации. Локалните клиники спроведоа илјадници тестови, но причината за проблемите не беше откриена. Многумина од 680-те жители на селото стравуваат дека болеста е поврзана со напуштениот рудник за ураниум во близина, кој е затворен многу пред распадот на СССР во 1991 година. Жителите бараат од владата да ги пресели. Во Националниот научен медицински центар во Астана изјавија дека откако пациентите ќе бидат детално испитани, ќе биде поставена јасна дијагноза.