Нападнат француски сатиричен весник, се јавува за 10 загинати

Архивска фотографија: Канцелариите на францускиот сатиричен весник Шарли Ебду во Париз.

Очевидци тврдат дека 10 луѓе биле убиени при напад врз канцелариите на францускиот сатиричен весник Шарли Ебду во Париз, пренесуваат француските медиуми. На весникот претходно беа фрлани молотови коктели, откако во 2011 година објави карикатури на муслиманските лидери. Нема официјална потврда за бројот на жртви.

„Двајца луѓе со црни маски влегоа во зградата со Калашникови“, изјави очевидец кој бил во зградата од спротива.

„Подоцна се слушнаа многу истрели“, вели тој и додава дека напаѓачите биле забележани како бегаат од зградата, пренесува француската телевизија иТЕЛЕ.