Десетици загинати во експлозија во Јемен

Полицијата соопшти дека автомобил-бомба експлодирал пред Полициската академија во главниот град на Јемен Сана , при што загинале околу 30 луѓе, а повредени се повеќе од 50.
Според некои извештаи бомбашот - самоубиец го активирал експлозивот пред една група студенти кои се собрале за да се запишат во полициската академија во центарот на градот.
Никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Ал Каеда во минатото тврдеше дека стои зад ваквите напади.