Божиќна порака на архиепископот г.г Стефан

Православните христијани во Македонија денеска го слават Рождеството Христово-Божик. Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуват божикни литургии. Централното одбележување е во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде што архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи Златоустова литургија.

По повод Божик, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно со Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници, упатија Божикно послание во кое им пожелуваат мир и благослов од Бога, поздравувајќи ги со величествениот торжествен поздрав - Христос се роди!

Во оваа прилика, г.г. Стефан повикува на потребата да го чуваме и градиме мирот и единството меѓу нас самите, и овде во Татковината и насекаде каде што нè има по светот, како во Црквата, така и во сите македонски средини и заедници.