Ангела Меркел денеска во Лондон

Британскиот премиер Дејвид Камерон ќе ја искористи денешната посета на германската канцеларка Ангела Меркел да го брани својот план за повторно разгледување на односите на Велика Британија и ЕУ ,особено во областа на миграцијата,соопштено e во Лoндон .Главнатa причина за посетата на Ангела Меркел е подготовка на самитот на седумте најголеми индустриски земји, Г-7, што ќе биде одржан на 7 и 8 јуни.Камерон и германскатa канцеларка ќе разговараат за билатералните односи и политиката на ЕУ.Меѓу тие прашања ќе биде и планот на Камерон за забавуавње на приливот на имигрaнти од ЕУ во Велика Британија што го оспорува Меркел.Нејзинатa посета доаѓа четири месеци пред британските парламентарни избори. Зa време на последнатa посета на Лондон Меркел наведе дека Британија треба да остане членка на ЕУ.