Турција зафатена од снежни врнежи

Илустрација.

Снежните врнежи во Турција предизвикаа сообраќајни несреќи и затворање на училиштата, како и откажување на авионски летови во земјата. Еден ученик загинал, а 11 се повредени, откако школски автобус имал несреќа во округот Карабјук, во северниот дел на Турција, поради лошите временски услови. Снегот предизвикал проблеми и во сообраќајот во главниот град Анкара. Патот кој ја поврзува Анкара со Измир бил времено затворен за движење во раните утрински часови.

Турската национална авиокомпанија „Туркиш Ерлајнс“ откажала многу домашни летови, меѓу кои и неколку за Истанбул, Анкара и Измир.

Во Истанбул и во Бурса е откажано и движењето на траектите поради лошите метеоролошки услови во Мраморното Море.

Снежните врнежи во Истанбул станале поинтензивни попладнево и се очекува да продолжат во текот на целиот ден.