Над 20 загинати ирачки војници во Анбар

Илустрација.

Ирачките власти соопштија дека 23 војници и припадници на сојузничките сунитски единици загинале во судирите со милитантите на Исламската држава во провинцијата Анбар во западен Ирак. Судирите почнале изутрината кога бомбаш самоубиец извршил напад врз собир на провладините сунитски борци во близина на градот ал-Багдади, на околу 180 километри северозападно од Багдад. Потоа милитантите на Исламската држава нападнаа армиски и полициски позиции. Во нападите биле ранети 28 припадници на владините сили и на провладините сунитски единици. Нема информации за жртвите на страна на Исламската држава.